Додека случајот е во рана фаза од истрагата, нема наводи за поврзаност со меѓународен или домашен тероризам, велат полициски извори
Истражителите кои работат на откривање на позадината на инцидентот што се случи на божиќната парада во Висконсин кога маж со џип влета во толпа и притоа усмртни петмина, а најмлаку 40 се повредени, се уверени дека напаѓачот во тој момент бил во бегство од друго злосторство.
Осомничениот набрзо беше уапсен, но неговиот идентитет се уште е непознат за јавноста. Додека случајот е во рана фаза од истрагата, нема наводи за поврзаност со меѓународен или домашен тероризам, велат полициски извори.

Нападот се случи во доцните вечерни часови, кога црвениот теренец со голема брзина соборил повеќе од 40 луѓе на божиќната парада. Очевидци велат дека луѓето панично бегале и се обидувале да ги најдат своите најблиски.
Повредените се во болница, а тројца во моментов се во критична состојба.
Video from mass casualty incident at a Christmas parade in Waukesha Wisconsin pic.twitter.com/YYtNqbBM0Q
— MelvinB? (@MelvinBGlobal) November 21, 2021
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа црвено теренско возило кое брза кон задниот дел на парадата. Друго видео покажува како полицијата отвора оган врз истото возило додека минувало низ уличните бариери. Полицијата го конфискува возилото, а осомничениот е во притвор.