Двајцата обвинети признале вина и се согласиле со сите обвинувања за кои ги товари Обвинителството. Судот ги прогласи за виновни и му изрече три години условна казна на А.Н. и една година и три месеци условна казна на М.К. Доколку не ги почитуваат условите на казната, таа ќе биде спроведена како ефективен затвор
Основниот кривичен суд Скопје им изрече условни затворски казни на А.Н. и М.К. – лицата кои на 9 јули годинава ја нападнаа новинарската екипа на Телевизија Алсат која известуваше од терен за пожарот што избувна на отпад за старо железо во скопско Визбегово. Лицата се сопственици на отпадот.

Двајцата обвинети признале вина и се согласиле со сите обвинувања за кои ги товари Обвинителството.
Судот ги прогласи за виновни и му изрече три години условна казна на А.Н. и една година и три месеци условна казна на М.К. Доколку не ги почитуваат условите на казната, таа ќе биде спроведена како ефективен затвор.
Основното јавно обвинителство Скопје против двете лица поднесе обвинение за сторено кривично дело спречување службено лице во вршење службено дејствие – категорија во која, со измените на Кривичниот законик од 2023 година, спаѓаат и новинарите. За делото е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.