Двајца вработени во редарската служба на Град Скопје денеска биле нападнати од граѓани кои нелегално истурале отпад кај депонијата Вардариште, информираат од Град Скопје.

„Нападот се случи кај Вардариште, од страна на лица кои со возило незаконски истураа отпад. Од нападот едниот вработен се здоби со повреди, при што тој е хоспитализиран во Градската болница, а дополнително оштетено е и службеното возило со кое патролирале“,
се вели во соопштението на Град Скопје.
Оттаму велат дека случајот го пријавиле во полиција, каде што ги доставиле фотографиите од напаѓачите и нивното возило.
