„Овој напад, кој се случил во ирачките територијални води, го крши ирачкиот суверенитет и Ирак го задржува правото да преземе потребни законски мерки“, велат од ирачката армија

Најмалку едно лице е убиено во напад врз два танкери за нафта во Персискиот Залив, соопштија ирачките власти рано утрово.
„Овој напад, кој се случил во ирачките територијални води, го крши ирачкиот суверенитет и Ирак го задржува правото да преземе потребни законски мерки“,
ја пренесува државната новинска агенција ИНА изјавата на портпаролот на ирачката армија.
Тој додава дека шест бродови биле испратени да им помогнат на екипажите на двата нападнати танкери.
Танкерите биле погодени во близина на пристаништето Ум Каср во Јужен Ирак.
Портпаролот додаде дека меѓу вкупно 38 членови на екипажот од двата танкера, едно лице е загинато.
WATCH: Oil tanker on fire after being attacked in the Persian Gulf pic.twitter.com/nT0QtMpOHo
— Faytuks Network (@FaytuksNetwork) March 11, 2026
Во овој момент не е јасно што ги предизвикало експлозиите. Првичната истрага од ирачките безбедносни претставници покажа дека пловила полни со експлозиви од Иран ги погодиле двата танкери, објавија Ројтерс и Си-ен-ен
Од Државната организација за маркетинг на нафтата за ИНА велат дека станува збор за танкерите „Сафесиа Вишну“ со знаме на Маршалските Острови, а кој бил изнајмен од ирачка компанија и „Зефирос“ кој пловел под знамето на Малта, а превезувал кондензирани производи.
Според соопштението, нападот се случил додека двата танкера биле присутни во зоната за товарење еден до друг во ирачките територијални води.
Additional footage of the oil tanker on fire. https://t.co/0pj5ne1Zzg pic.twitter.com/L099FXUhNP
— Open Source Intel (@Osint613) March 11, 2026
Вчера, Британската поморска трговија (UKMTO) објави дека вкупно 13 брода биле нападнати во и околу Арапскиот Залив, Ормускиот Проток и Оманскиот Залив помеѓу 28 февруари и 11 март.
Денеска, Британската поморска трговија објави за уште еден инцидент северно од Џебел Али, ОАЕ, каде се вели дека капетанот пријавил оти товарен брод што пренесувал контејнери бил погоден од непознат проектил што предизвикал мал пожар на бродот.
