Засега не се познати детали за напаѓачот, ниту за тежината на повредите со кои се здобиле луѓето, ниту пак за причините за нападот
Најмалку три лица се повредени во напад со нож во воз кој сообраќал меѓу германските градови Регенсбург и Нирнберг.
Според првите информации напаѓачот е уапсен.

Засега не се познати детали за напаѓачот, ниту за тежината на повредите со кои се здобиле луѓето, ниту пак за причините за нападот.
Нападот се случил во 8.30 часот во близина на Нојрмаркт, поради што возот запрел во Зојберздорф, југоисточно од Нирнберг.
