Украински беспилотни летала утрово биле лансирани кон Русија предизвикувајќи експлозии и пожари во рафинерии за гориво и прекини во снабдувањето со електрична енергија

Системите за противвоздушна одбрана денеска реагирале на 25 дрона лансирани од Украина над неколку руски региони, според руското Министерство за одбрана, пренесува „Гардијан“.
„Утрово индустриската зона Кстово, фабрика за гориво и енергија, беше нападната од беспилотни летала. Единицата за преработка на гориво гори“,
вели Глеб Никитин, гувернер на Нижни Новгород.
„Гардијан“, пренесувајќи информација од руската новинска агенција РИА, пишува дека со беспилотно летало била нападната и рафинеријата на „Лукоил“ во градот Кстово во Нижни Новгород. Таа е една од петте најголеми рафинерии во Русија која ги снабдува централните и северозападните делови на Русија со висококвалитетно гориво.
??? BREAKING: DRONE ATTACK AT FUEL PLANT IN KSTOVO, RUSSIA.
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) March 12, 2024
Source: @RawsGlobal pic.twitter.com/kr6z2FvLqR
Нижни Новгород е на околу илјада километри од украинската граница и се наоѓа на околу 400 километри источно од Москва.
Во руската област Ориол, која е на околу 150 километри од украинската граница, Украина изврши напад со беспилотно летало врз фабрика за гориво и енергија, изјави гувернерот на централната руска покраина, Андреј Кличков. Тој потврди дека остатоците од дронот паднале на комплексот и дека има пожар.
„Специјални служби работат на самото место за локализирање на пожарот. Нема жртви“,
напиша гувернерот Кличков на Телеграм.
Overnight, Ukrainian drones attacked the Kstovo industrial area in Nizhny Novgorod Oblast of Russia, which resulted in fire at the oil distillation facility.
— Status-6 (Military & Conflict News) (@Archer83Able) March 12, 2024
The town of Kstovo is located around 800km from the border with Ukraine.https://t.co/GEVmK4vqUFhttps://t.co/lFXzQ07PUF pic.twitter.com/KYoluPuVaV
Украинско беспилотно летало фрлило четири експлозивни направи и во руската област Белгород, при што без струја се седум населени места.
„Украинските вооружени сили ја нападнаа областа Белгород со помош на беспилотно летало кое исфрли четири експлозивни направи. Нема информации за жртви, но оштетени се електричните линии“,
пишува регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков на својот канал на Телеграм.
Тој вели дека итните служби почнале да работат на отстранување на последиците веднаш штом добиле одобрение од руското Министерство за одбрана.
Роман Старовоит, гувернер на регионот Курск, кој исто така се граничи со Украина, вели дека шест дрона лансирани од Украина биле соборени над неговиот регион, а службите за итни случаи проверуваат за можна штета.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на Телеграм пишува дека едно беспилотно летало кое летало кон Москва е соборено над областа Раменски во близина на главниот град. Според првичните информации, на местото каде што паднале урнатините нема штета или жртви, пишува Собјанин.
Беспилотно летало е соборено над руската област Тула, која се граничи со московскиот регион, и едно над регионите Воронеж на југот на Русија, соопштија локалните руски власти.
Украина во последните месеци започна напади врз руските рафинерии и енергетски капацитети, од кои некои беа успешни и предизвикаа значителна штета и прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Во интервју за француската телевизија БФМ, украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека Украина ја подобрила својата стратешка позиција и покрај недостигот на оружје, но посочи дека ситуацијата би можела повторно да се промени доколку не дојде до нови резерви.
„Ситуацијата е многу подобра отколку што беше во изминатите три месеци. Имавме одредени потешкотии поради недостигот на артилериски гранати, воздушна блокада, руско оружје со долг дострел и големиот интензитет на напади со руски беспилотни летала. Работевме на многу ефикасен начин против руската авијација. Закрепнавме на исток. Напредокот на руските трупи е запрен“,
рече Зеленски.