Со Одлука на Владата, и на општина Арачиново ѝ се доделени 30 милиони денари, еднократна неповратна поддршка, за справување со потешкотиите во тековното работење поради ковид- кризата
Обезбедени се 35 милиони евра за спроведување 99 проекти во 75 општини во земјата – од дополнителни средства со пренамена од ТАВ, предвидени за изградба на карго аеродром во Штип.
На денешната седница на Владата денеска е донесена одлука со која е одобрена предлог листа на 99 проекти за:
– изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура;
– за водоснабдителна и за канализациски мрежа;
– за реконструкција и изградба на градинки и училишта и спортски објекти;
– за реконструкција и изградба на здравствени установи;
– и за други проекти што ги предложиле општините
На денешната седница, е донесена и Одлука за одобрување средства од Буџетот за 2020 година во висина од 30 000 000 денари на општина Арачиново, како еднократна неповратна финансиска поддршка, за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради ковид– 19 кризата, соопштија од Владата.