„Патот на европската иднина води преку соработката и солидарноста, но тој пат не е без пречки: сериозна препрека произлегува од старите предрасуди во некои европски центри кои сè уште гледаат на Балканот како на нестабилна периферија, составена од држави заглавени во конфликти, самоблокади и меѓусебни саботажи“, се вели во обраќањето на претседателката
Во услови на драматични геополитички промени, со се помалку мултилатеризам и се повеќе мултиполарност, со војна на тлото на Европа, интеееграцијата е неодложен гееополитички и безбедносен императив за Европската Унија, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањеето на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Тирана.

Според неа, особено е важна одговорноста на земјите-членки од реегионот што треба да бидат двигатели на проширувањето, а не извор на блокади што го поткопуваат кредибилитетот на Унијата.
Потребно е, како што рече таа, да се унапреди регионалната соработка и да се фокусираме на клучните проблеми, од одливот на мозоци до климатските промени, но дека регионот мора проактивно да се поддржува за да не бидеме сведени на геополитичка и геоекономска периферија.
„Патот на европската иднина води преку соработката и солидарноста, но тој пат не е без пречки: сериозна препрека произлегува од старите предрасуди во некои европски центри кои сè уште гледаат на Балканот како на нестабилна периферија, составена од држави заглавени во конфликти, самоблокади и меѓусебни саботажи“,
рече таа.
Според неа, уште посериозна пречка е билатерализацијата на интегративниот процес од самите балкански соседи, преку злоупотреба на правото на вето, идентитетски условувања и историски ревизионизам, таа оцени: овие постапки не само што го забавуваат процесот на евроинтеграцијата, туку и ги засилуваат стереотипите дека Балканот не е подготвен за Европа.
„Кандидатите за членство, наместо солидарност и фер процес, сѐ почесто се соочуваат со опструкции поради билатерални прашања. Така, наместо европеизација на Балканот – сведоци сме на опасен тренд на балканизација на Европската Унија и ова мора да се смени и тоа за доброто на сите“,
кажа Сиљановска-Давкова.
Упати благодарност за регионалната солидарност изразена преку несебичната нега на повредените во трагичниот пожар во Кочани.
Посочи дека со отворањето на здравствените установи за повредените македонски граѓани, како и со активирањето на европскиот механизам за цивилна заштита, се манифестираше искрено пријателство, соседска грижа и хуманост во еден од најтрагичните современи настани за државава.