Од „Македонија пат“ апелираат до возачите внимателно да управуваат со возилата, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот
Поради магла утринава на планинскиот превој Плетвар видливоста е намалена до 50 метри, а во Крушево до 30 метри, информира Јавното претпријатие „Македонија пат“.

Како што додаваат оттаму, на останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Од „Македонија пат“ апелираат до возачите внимателно да управуваат со возилата, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот.
