Видливоста на патниот правец од село Гајре кон Попова Шапка се движи од 20 до 25 метри, а од 50 до 70 метри на планинскиот превој Стража
Намалена видливост поради појава на густа магла е забележана на патниот правец кон Стража, како и на тој од селото Гајре кон Попова Шапка, информираат од Јавното претпријатие „Македонија пат“.

Видливоста на патниот правец од село Гајре кон Попова Шапка се движи од 20 до 25 метри, а од 50 до 70 метри на планинскиот превој Стража.
На одредени патни правци што поминуваат низ усеци и клисури, како што додаваат од претпријатието за одржување и заштита на магистрални и реегионални патишта, е можна појава на поситни одрони што редовно се чистат.
ЈП „Македонија пат“ апелира до возачите внимателно да управуваат со возилата, да ја почитуваат поставената сигнализација и да ја прилагодуваат брзината со која возат спрема условите на патот.
