Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот фејсбук-профил штотуку го објави видеоспотот што деновиве се снимаше во Скопје за Денот на македонската полиција, кој предизвика реакции во јавноста поради тоа што се прави среде криза, додека опозицијата бара одговори колку тој чини.
„Ова видео е посветено на сите полициски службеници, здравствени работници, припадници на армијата и на сите оние што се во првите редови во справувањето со пандемијата од коронавирусот. Ви благодариме за секоја минута и секој час поминат на вашите работни места. Неизмерно сме ви благодарни за сета посветеност и за сите жртви што ги давате секојдневно во борбата против оваа пандемија. Сите заедно сплотени сме на само чекор од совладувањето на еден од поголемите предизвици со кои се соочило човештвото досега. Нека е честит Денот на македонската полиција!“,
напиша Чулев на Фејсбук споделувајќи го видеото.
*Поврзана вест
Чулев VS Костадинов: Спотот за Денот на полицијата не е луксузирање – СДСМ прашува колку чини