Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 38 оздравени пациенти во: Скопје – 19, Тетово – 3, Струга – 9, Битола – 4 и Гостивар – 3.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 50 години хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација. На Клиниката за онкологија почина пациент на 51 година од Прилеп чиј позитивен резултат на ковид-19 пристигнал вчера.
Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на ковид-19 и тоа во: Скопје – 7, Куманово – 6, Прилеп – 4, Тетово – 1, Пехчево – 1, Делчево – 1, Струга – 1.
„Со ова вкупната бројка на дијагностицирани со ковид-19 во нашата земја изнесува 1 442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742“,
информира Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се два нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 52. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација три пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ примени се примени осум нови, а вкупно хоспитализирани 35. Со потешка клиничка слика се пет, а на респиратор вкупно се шест пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат пет, а на домашно лекување се следат четири пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани три пациенти, а уште шест се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Гостивар, Куманово, Велес и Прилеп се лекуваат 42 позитивни и суспектни на ковид-19.
Направените 279 теста се преку: ИЈЗ – 146, Ветеринарен факултет – 20, „Авицена“ – 25, „Биотек“ – 29, „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 39, „Систина“ со PCR-метода-12 и МАНУ – 8. Досега во земјата се направени вкупно 16 050 тестирања за ковид-19.
„По завршување на епидемиолошка анкета, за две лица кои во вчерашниот извештај на ИЈЗ беа заведени во Кавадарци, е утврдено дека се жители на Демир Капија. Во денешниот извештај на ИЈЗ ќе биде направена исправка и тие ќе бидат заведени во Неготино, бидејќи Демир Капија спаѓа во оваа подрачна единица“
појаснуваат од Министерството за здравство.
Согласно ова, последната дистрибуција по градови е следна:
– Скопје – 493
– Куманово – 384
– Дебар – 51
– Штип-34
– Прилеп – 147
– Тетово – 76
– Струга – 66
– Велес – 69
– Битола – 19
– Охрид – 15
– Кавадарци – 5
– Гостивар – 17
– Гевгелија – 4
– Струмица – 2
– Крива Паланка – 5
– Радовиш – 4
– Крушево – 3
– Кочани – 28
– Пробиштип – 2
– Кичево – 2
– Неготино -7
– Демир Хисар – 1
– Македонски Брод – 2
– Пехчево – 2
– Делчево – 1
– Валандово – 1
– Виница – 2