Нешто помалку од илјада случаи има во Куманово односно 946, а бројката е висока и во Струмица (690), Кичево (612), Струга (582) и Охрид (510)
Вкупно 6 025 ковид-случаи во моментов се активни во главниот град на земјава, додека во Демир Капија има само еден активен случај. По Скопје, најмногу случаи на ковид-19 веќе четврта недела по ред има во Тетово и Гостивар со 1 913 односно 1 107 активни случаи во моментот.
Нешто помалку од илјада случаи има во Куманово односно 946, а бројката е висока и во Струмица (690), Кичево (612), Струга (582) и Охрид (510). Со 280 активни ковид-случаи во моментов се соочува Прилеп, а ситуацијата е слична и во Битола (274), Велес (250), Дебар (239), Кавадарци (225) и Штип (212).
Со речиси двојно помалку активни случаи се Свети Николе (136), Кочани (125) и Ресен (124). Останатите градови низ земјата се со под 100 активни случаи во моментов, а со под 10, освен Демир Капија со еден активен случај, се и Пехчево со четири и Дојран со три ковид-случаи.