Талибански функционер потврди дека експлозијата се случила во џамија во областа Спин Гар за време на петочната молитва и дека има ранети и мртви
Најмалку три лица загинаа, а 15 се повредени во експлозија што се случи за време на петочната молитва во џамија во источната авганистанска провинција Нангархар, соопштија здравствените власти за АФП.
Експлозијата се случи во областа Спин Гар во близина на градот Џалалабад, едно од упориштата на авганистанскиот огранок на екстремистичката организација Исламска држава.
Талибански функционер потврди дека експлозијата се случила во џамија во областа Спин Гар за време на петочната молитва и дека има ранети и мртви.
„Можам да потврдам дека се случи експлозија за време на петочната молитва во џамија во областа Спин Гар. Има жртви и повредени“,
изјави талибански претставник за АФП.
Авганистанскиот огранок на таканаречената Исламска држава, кој првпат се појави во Нангархар во 2015 година, ја презеде одговорноста за претходните крвави напади во Авганистан откако Талибанците се вратија на власт.
