Харков, кој се наоѓа во североисточна Украина во близина на границата со Русија, редовно е цел на руски напади со беспилотни летала и ракети од почетокот на војната што ја почна Москва пред повеќе од три години
Најмалку три деца се меѓу 27-те лица што се повредени во синоќешните руски напади со беспилотни летала врз вториот под големина град во Украина, Харков, соопштија денеска украинските власти, пренесе Ројтерс.

Според наводите на локалните власти, во нападите биле оштетени станбени објекти и градинка.
Харков, кој се наоѓа во североисточна Украина во близина на границата со Русија, редовно е цел на руски напади со беспилотни летала и ракети од почетокот на војната што ја почна Москва пред повеќе од три години.
„Како резултат на нападот, избувна пожар во повеќекатна станбена зграда во Харков“,
изјави градоначалникот Иџор Терехов.
Олех Синехубов, гувернерот на пошироката област Харков, чиј административен центар е градот Харков, рече дека повеќето од повредените се од областа Шевченкив и додаде дека службите за итни случаи работат на местото на настанот.
Засега не е познат целиот обем на нападот, за кој нема коментар од официјална Москва.
Двете страни од почетокот на војната негираат дека цел на нивните напади се цивилни цели, но досега во конфликтот загинаа илјадници луѓе, од кои најголемиот дел се Украинци.
Инаку, во рускиот напад врз регионот Суми, исто така во североисточна Украина, што се случи во неделата попладне загинаа две лица, уште две беа повреден, а оштетени се околу 20 згради, соопшти Државната служба за вонредни ситуации на Украина преку Телеграм.
Во нападот што се случи во текот на ноќта беа оштетени неколку згради и автомобили во три од 10-те области на украинскиот главен град Киев, изјави градоначалникот Виталиј Кличко преку Телеграм.
Според него, засега нема извештаи за загинати лица.