Во несреќата учествувале четири моторцикли и четири патнички возила
Најмалку пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што попладнево се случила на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар. Во несреќата учествувале четири моторцикли и четири патнички возила.

„Сообраќајот на овој магистрален пат е во прекин, а од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар сообраќајот се пренасочува по споредни локални патишта (Прогрес каменолом и Панорама кај Вруток)“,
велат од МВР во првичната информација.
Несреќата била пријавена во 15:56 часот попладнево во гостиварската полиција.