Маж на возраст од 25-години се здобил со потешки повреди откако во белградската населба Сурчин врз него се срушил покрив. Тој со повреди на главата е префрлен во Клиничкиот болнички центар Земун
Најмалку осум лица се повредени во невремето што денеска попладне околу 14 часот го зафати Белград.
Невремето беше проследено со силен ветар, дожд и град, а на речиси целата територија на Србија во сила е црвен метеоаларм поради опасност од невреме проследено со грмотевици.

Во невремето се повредени најмалку осум лица, од кои едно потешко. Се работи за 25-годишен маж, кој се здобил со повреди откако во белградската населба Сурчин врз него се срушил покрив. Тој со повреди на главата е префрлен во Клиничкиот болнички центар Земун.
Во овој клинички центар се пренесени и две жени на 31 и на 73-годишна возраст, кои се здобиле со полесни повреди при уривање на метална натстрешница во Нов Белград. Меѓу повредените се и жени на возраст од 59 и 46 години.
Поради невремето, делови од Белград останаа без електрична енергија, некои куќи останаа без покриви, а во белградската населба Жарково се запали трансформаторска станица. Во сила беше и краток прекин на сообраќајот на аеродромот „Никола Тесла“, кој подоцна се нормализира.