Најголем дел од жртвите се скијачи. Издадени се предупредувања за зголемена претпазливост при движење на планинските терени
Најмалку осум лица загинаа во лавини на Алпите во Австрија. Како што пренесува Гардијан, снежна лавина затрупала група од седум чешки скијачи во Пустервалд во федералната покраина Штаерска. Тројца од групата биле пронајдени без знаци на живот.
„Спасувачките екипи успеаја да ги лоцираат и делумно да ги откопаат затрупаните лица, но и покрај брзата интервенција, три лица беа пронајдени мртви“,
соопшти полицијата.
Планинската спасувачка служба објави и дека во областа Понгау, во близина на Салцбург, седум лица беа затрупани од лавина попладнето на врвот Финстеркоф, висок 2.150 метри. Според медиумски извештаи, повикувајќи се на спасувачките служби, четири лица загинале, а останатите биле тешко повредени.
Претходно, дел од медиумите објавија и дека една жена загина во лавина во областа Бад Хофгаштајн.
Поради обилните снежни врнежи, лавини се регистрираат низ Алпите од минатата недела. Издадени се предупредувања на зголемена претпазливост при движење на планинските терени.
