Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека спасувачите и медицинските лица работат на локации во четири области на главниот град погодени од нападот
Најмалку едно лице загина, а две се повредени во руски ракетен напад врз Киев во текот на ноќта.
Како резултат на нападите, на неколку локации во Киев избија пожари оштетувајќи метро-станица во центарот на главниот град, комерцијални објекти, продавници, куќи и градинка.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека спасувачките служби и медицинските лица работат на локации во четири области на главниот град погодени од рускиот напад.
„За жал, имаме информации дека едно лице почина како резултат на нападот“,
објави началникот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко.
Нападите започнале околу 2 часот по полноќ и траеле во наредните два часа.