Евакуирани се 28 повредени лица

Најмалку девет лица во Израел се убиени од удар на иранска балистичка ракета во Беит Шемеш, соопшти амбулантната служба „Маген Дејвид Адом“
Дополнителни тимови на службата евакуирале 28 повредени во болниците во Ерусалим и во медицинскиот центар „Шамир“, вклучувајќи двајца во сериозна состојба, двајца во умерена состојба и 24 во „лесна“ состојба.
„Видовме уништени домови, пламен и чад што се издигаше од станбени згради, уништени автомобили и значителен хаос на местото на настанот. Видов три жртви како лежат на земја без знаци на живот и морав да ги прогласам за мртви на местото на настанот“,
изјавил болничарот Еини.
Подоцна, за мртви беа прогласени уште шестмина.
„Би-би-си“ јавува дека иранската ракета погодила станбена населба, при што срушена е и синагога каде што се криеле луѓе. Во тек е операција за пребарување на луѓето за кои се стравува дека се под урнатините.
Има купишта скршен бетон и извиткан метал, како и огромен кратер што укажува на точката на ударот. Автомобилите што биле паркирани во близина се целосно уништени.
Ова е најсмртоносниот напад врз Израел, од контра нападите на Иран кои започнаа уште вчера.
Според израелската војска, системот за рано предупредување што ги известува луѓето за дојдовни ракети функционирал како што е планирано и бил активиран во оваа област.
Војската соопшти дека околностите на ударот се во фаза на разгледување.
Four people were killed by an Iranian ballistic missile impact in Beit Shemesh, Magen David Adom says.
— Emanuel (Mannie) Fabian (@manniefabian) March 1, 2026
Footage shows the moment of the impact. pic.twitter.com/tJHgxJoTae
