Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел на нападот биле командни центри на милитантната група во областа Баалбек
Најмалку десет лица загинаа, а педесет се ранети во израелски воздушен напад во долината Бека во Источен Либан. Ова е еден од најсмртоносните инциденти во регионот во последните неколку недели, кој сериозно се заканува да го наруши кревкото примирје меѓу Израел и Хезболах.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел на нападот биле командни центри на милитантната група во областа Баалбек. Според израелски извори, меѓу загинатите има и висок претставник на Хезболах, од каде што сè уште немаат излезено со официјален коментар за инцидентот.
🎯STRUCK: Hezbollah command centers used to advance terror attacks against IDF troops and Israel, in the Baalbek area in Lebanon.
— Israel Defense Forces (@IDF) February 20, 2026
Within the command centers, weapons and funds utilized by Hezbollah were being stored, constituting a violation of the understandings between Israel…
Овој напад доаѓа во период на спроведување на договорот за прекин на огнот, постигнат кон крајот на ноември 2024 година со посредство на САД. Договорот, чија примарна цел беше да се стави крај на повеќе од една година прекугранични судири, е под постојан притисок од меѓусебни обвинувања од двете страни за негово секојдневно прекршување.
Во меѓувреме, паралелно со воените дејствија, се засилува и дипломатскиот притисок врз Бејрут. Американските и израелските претставници инсистираат либанските власти да преземат чекори за ограничување на воениот арсенал на Хезболах.
Од друга страна, државниот врв во Либан предупредува дека евентуалното проширување на израелските напади може целосно да ја дестабилизира земјата, која веќе подолго време се наоѓа во длабока политичка и економска криза.
