Во дополнително известување издадено по нападите, украинскиот претседател соопшти дека има дал задача на дипломатите во земјата целосно да ги информираат партнерите и сојузниците на Украина за руските напади, нивната природа и избраните цели, пренесе „Гардијан“
Најмалку четири лица се убиени, а десетици се ранети во бранот напади со беспилотни летала и ракети што руските сили го извршија синоќа и рано утрово врз Киев, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесуваат светските медиуми.

Осудувајќи ги нападите како подли и добро испланирани, Зеленски изјави дека врз украинската престолнина биле истрелани околу 430 беспилотни летала и 18 ракети кои покрај жртви предизвикале голем број штети врз инфраструктурата во градот.
Во нападите, според украинските официјални претставници, се оштетени десетици висококатници, а тешко е погодена и енергетската инфраструктура во градот поради што дел од заградите останале без греење, пренесува Би-би-си.
Воздухопловните сили на Украина во меѓувреме соопштија дека цел на напади биле уште неколку други региони низ земјата.
Според Зеленски, нападот бил „обро пресметан и имал за цел да предизвика максимална штета врз луѓето и цивилната инфраструктура.
Во дополнително известување издадено по нападите, украинскиот претседател соопшти дека има дал задача на дипломатите во земјата целосно да ги информираат партнерите и сојузниците на Украина за руските напади, нивната природа и избраните цели, пренесе „Гардијан“.
„Русија продолжува со теророт врз украинските градови, особено врз цивилната инфраструктура – а клучни цели за Русија синоќа беа станбени области во Киев и енергетски објекти“,
рекол тој.
Воздухопловните сили на Украина соопштија дека неколку други региони низ земјата биле исто така цел на нападите.
Во Киев, станбени згради биле погодени во практично секој округ, соопшти началникот на градската воена администрација, Тимур Ткаченко на апликацијата за пораки Телеграм. Тој ноќеска, една минута по полноќ, според локално време (23:01 часот според средноевропско време) издал предупредување до жителите на Киев да одат во засолништата, пишувајќи „гласно е во Киев“.
Според службите за итни случаи, остатоци од беспилотни летала предизвикале пожари и оштетувања на повеќе висококантици, а биле погодени и болница, училиште и административни згради.
Повеќе од 40 лица биле спасени, вклучително и 14 од станбена зграда во областа Деснајански во која избувнал пожар, додека едно лице им подлегнало на повредите.

Уште едно лице било спасено од истата зграда откако спасувачките екипи успеале да го извлечат од под урнатините.
Медицински екипи, според службите во Киев, биле распоредени на сите места каде имало регистрирано пожари. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека девет лица се пренесени во болница, од кои еден маж бил во „исклучително сериозна состојба“.
Кличко соопшти и дека делови од мрежата за греење во главниот град, исто така, се оштетени во нападите, поради што најверојатно има прекин во снабдувањето со електрична енергија и вода.
Украинските воздухопловни сили предупредија дека беспилотни летала и наведувани бомби гаѓале и неколку други региони, меѓу кои и регионот Суми.
Синоќешните напади врз Киев следат по масовниот напад врз градот што се случи пред помалку од една недела, а во кој загинаа шест лица, а голем број згради и објекти на критичната инфраструктура, исто така, беа оштетени.

Инаку, според медиумските извештаи, синоќа дејстувале и украинските офанзивни сили, кои гаѓале позиции на руска територија.
Во украински напад бил погодено руското пристаниште Новоросијск, каде избувнал пожар во големата рафинерија за нафта „Шешхарис“, а биле погодени и брод и станбени блокови во областа, соопштиле официјални лица.
Зеленски, како што пренесе „Гардијан“, потврдил дека Украина користела ракети „Долг Нептун“ за напади врз цели во Русија, што според него, бил праведен одговор за тековните напади од страна на Москва.
„Украинските ракети испорачуваат сè позначајни и сè poпрецизни резултати секој месец“,
рекол украинскиот претседател.
