Министерството за здравство, контролирано од Хамас, соопшти дека има и десетици повредени

Најмалку 75 лица се загинати од утрово во израелски напади врз Појасот Газа, пренесува Ал Џезира повикувајќи се на палестински медицински извори.
Според телевизијата, 33 тела биле однесени во болницата „Насер“ во Кан Јунис, шест во болницата „Ал Акса“ во Деир ел Балах, а 36 биле пренесени во болниците „Ал Шифа“ и „Ал Ахли Араб“ во градот Газа.
Министерството за здравство, контролирано од Хамас, соопшти дека има и десетици повредени.
Според локалните извештаи, бројот на жртвите постојано расте бидејќи нападите продолжуваат на различни локации во блокираната територија.
Денеска портпаролот на цивилната одбрана на Рафа, Махмуд Басал, рече дека во израелски напади врз Појасот Газа кои се случиле утринава шест од загинатите се убиени во пукотница во близина на центар за помош поддржан од САД на југот од палестинската територија каде се собирале за да добијат хуманитарна помош.