Најпогодено е подрачјето на округот Кер, каде се загинати 43 лица, а 27 деца сѐ уште се водат како исчезнати од христијанскиот младински камп лоциран покрај реката Гвадалупе

Бројот на жртви од ненадејните поплави во Тексас, на југот на САД, се искачи на 50, вклучувајќи 15 деца, додека стотици спасувачи ја продолжиле потрагата по десетици исчезнати деца, пишува Би-би-си повикувајќи се на информации од локалните власти.
Најпогодено е подрачјето на округот Кер, каде се загинати 43 лица, а 27 деца сѐ уште се водат како исчезнати од христијанскиот младински камп лоциран покрај реката Гвадалупе.
„Работата продолжува и ќе продолжи сè додека не се пронајдат сите“,
вели Лари Леита, шериф на округот Кер.
Досега, според информациите, спасени се околу 850 лица.
Потврдени се починати и во други делови од државата, вклучувајќи ги окрузите Травис и Том Грин.
Повеќекратни предупредувања за ненадејни поплави остануваат во сила во централен Тексас.
Гувернерот на Тексас, Грег Абот, изјави дека потпишал проширена декларација за катастрофа за да ги зајакне напорите за пребарување.
Тој вели дека службениците ќе продолжат со потрагата сѐ додека не го пронајдат секое лице што било жртва на поплавата, додавајќи дека работата дури тогаш ќе престане.
Метеоролозите предупредија дека централен Тексас овие денови може да доживее и нови поплави.
Националната метеоролошка служба (NWS) соопшти дека во областа може да наврнат од 5 до 12 сантиметри дожд.