Најмалку педесет лица загинаа, а десетици се повредени при денешната експлозија на цистерна со гас на Хаити
Најмалку 50 луѓе загинаа при денешната експлозија на цистерна со бензин на Хаити, во градот Кап-Хаитиен, изјави заменик-градоначалникот Патрик Алмонор.
Тој додаде дека на местото на несреќата видел од 50 до 54 безживотни тела но, поради огнот од кој биле зафатени дваесетина згради се сомнева дека бројот на жртви може да биде поголем.
„Се уште не можеме да дадеме детали за бројот на жртвите во куќите“,
посочи Алмонор.
Локалните медиуми информираат дека десетици повредени лица се хоспитализирани.