Директорот на Центарот за итни интервенции, Хуан Мануел Мендес, изјави дека 12 часа по инцидентот спасувачките екипи сè уште извлекуваат преживеани од под урнатините
Најмалку 44 лица загинаа, а повеќе од 160 се повредени при уривање на покривот на ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република.

Според локалните власти, за време на несреќата во клубот имало многу политичари и спортисти.
Директорот на Центарот за итни интервенции, Хуан Мануел Мендес, изјави дека 12 часа по инцидентот спасувачките екипи сè уште извлекуваат преживеани од под урнатините и вети дека нема да запрат сè додека не бидат сигурни дека сите се извлечени.
„Потврдена е смртта на 44 лица“,
рече Мендес.
Властите претходно соопштија дека бројот на повредени е најмалку 160.
Меѓу жртвите е и гувернерката на северозападната провинција Монте Кристи Нелси Круз, како и сестрата на седумкратниот учесник на олстар-тимот на МЛБ, бејзбол-ѕвездата Нелсон Круз.
Според изјавата на првата дама Ракел Абрахе, Круз му се јавила на претседателот Луис Абинадер во 00:49 часот по полноќ и му рекла дека покривот се урнал и дека е затрупана. Таа подоцна починала во болница, соопштија властите.