Според пишувањата на странските медиуми, спасувачките операции и евакуациите се во тек од раните утрински часови, а властите предупредуваат дека може да има понатамошни поплави, дури и ако дождот не е обилен

Најмалку 24 лица се загинати, а десетици се водат како исчезнати, вклучувајќи и 25 деца, откако вчера поплави погодија делови од централен Тексас, пишува Би-би-си.
Исчезнувањето на околу 25 девојчиња кои биле во летен камп го потврди и вицегувернерот Ден Патрик.
Досега, како што вели Патрик, повеќе од 237 лица се спасени.
„Во рок од 45 минути, реката Гвадалупе се искачи за осум метри и имаше катастрофална поплава – одземајќи имот, а за жал и животи“,
рече Патрик на прес-конференција.
BREAKING: 20 children are missing in the Texas Hill Country flash flood.
— Brian Krassenstein (@krassenstein) July 4, 2025
Praying for the best.
This is not a time to be defunding weather research and NOAA. pic.twitter.com/VpUpnAylKk
Тој прочита изјава од кампот „Мистик“, во кој биле сместени околу 700 деца. Во писмото е наведено дека има катастрофални поплави и им укажува на родителите дека ако не се контактирани, тоа значи дека нивното дете е безбедно.
„Тоа не значи дека децата се изгубени. Можно е да се надвор од домет“,
додаде заменик-гувернерот.
Вонредна состојба е прогласена во неколку окрузи каде што неколку патишта се однесени од вода, а телефонските линии се во прекин.
Според пишувањата на странските медиуми, спасувачките операции и евакуациите се во тек од раните утрински часови, а властите предупредуваат дека може да има понатамошни поплави, дури и ако дождот не е обилен.
„Дури и со слаб дожд, можни се уште поплави“,
вели Патрик.
🚨Life-Threatening Flood
— Globe Alerts (@Globe_Alerts) July 4, 2025
📍 Kerrville, Texas
📍Guadalupe River
The Guadalupe River in Kerrville, Texas, is experiencing catastrophic flooding this morning, reaching the second-highest level on record and surpassing the devastating 1987 flood.
The River surged to a reported 34… pic.twitter.com/RdbZtmgg58
Гувернерот на Тексас, Грег Абот, рече дека државата ги обезбедува „сите потребни ресурси за Кервил, Инграм, Хант и целиот Тексас Хил Кантри кој се соочува со оваа катастрофална поплава“.
Погодената област од поплавата се наоѓа северозападно од градот Сан Антонио. Снимките од терен покажуваат ненадејни поплави кои ги преплавиле мостовите и патиштата, а брзо движечката вода носи сè пред себе.
„Ве молам, не ризикувајте. Бидете внимателни, слушајте ги локалните предупредувања за вонредни состојби и никогаш не возете низ поплавени патишта“,
рече комесарот на Министерството за земјоделство на Тексас, Сид Милер.
Канцеларијата на шерифот на округот Кер го опиша настанот како „катастрофална поплава“ и потврди дека имало жртви. На граѓаните што живеат во близина на потоци, речни текови и реката Гвадалупе им беше препорачано веднаш да се евакуираат на повисоки места.
Утрово се огласи и претседателот на САД, Доналд Трамп кој рече дека поплавите се ужасни.