Повеќето од патниците спиеле кога се случила несреќата, а оние што биле будни успеале да ги скршат прозорците и да скокнат надвор, јави информативниот канал „Индија тудеј“
Најмалку 20 луѓе загинаа откако автобус се запали по судир со мотоцикл во јужна Индија рано утрово, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил на периферијата на градот Курнол во државата Андра Прадеш. Автобусот, кој превезувал околу 40 патници, патувал навечер меѓу градовите Хајдерабад и Бангалор.
„Идентификувани се единаесет тела, а девет допрва треба да се идентификуваат“,
изјави локалниот полициски службеник Викрант Патил.
Осумнаесет патници успеале да избегаат од запалениот автобус и се лекуваат од повреди кои се движат од сериозни до полесни. Не е јасно дали имало други луѓе во автобусот кои успеале да избегаат.
„Прелиминарните истраги покажуваат дека автобусот удрил во мотоцикл, кој се заглавил под резервоарот за гориво, што довело до експлозија, по што пламените брзо се прошириле низ возилото“,
рече Патил.
Повеќето од патниците спиеле кога се случила несреќата, а оние што биле будни успеале да ги скршат прозорците и да скокнат надвор, јави информативниот канал „Индија тудеј“.
