Најмалку 84 лица се хоспитализирани откако го користеле токсичниот кокаин, а некои од хоспитализираните се на респиратор, соопштија тамошните здравствени власти
Најмалку 20 лица починаа во Аргентина, откако консумирале кокаин кој во себе содржи отровна материја.
Најмалку 84 лица, пак, се хоспитализирани откако го користеле токсичниот кокаин, а некои од хоспитализираните се на респиратор, соопштија тамошните здравствени власти.
Жртвите се претежно млади Аргентинци од сиромашните квартови околу главниот град Буенос Аирес.
Тамошната полицијата соопшти дека до денеска запленила 15 000 мали пакувања со токсични лекови и уапсила седум лица.
„Сè уште не се готови токсиколошките тестови кои треба да покажат која супстанција се меша со кокаин, но најверојатно станува збор за синтетички опиоид кој се користи за подобрување на дејството на кокаинот“,
изјави Серџо Берни, министер за безбедност во провинцијата Буенос Аирес.
Од Центарот за правни и социјални студии, невладина истражувачка организација која се залага за легализација на некои дроги, велат дека легализацијата на одредени количини за лична употреба ќе овозможи поголем надзор и инспекција.