Близу 10 000 луѓе се евакуирани од своите домови од почетокот на невремето во средата, додека повеќе од 41 000 домаќинства останале без електрична енергија
Најмалку 17 лица го загубија животот, а 11 се водат за исчезнати поради поплави и свлечишта предизвикани од неколкудневни обилни врнежи во Јужна Кореја, соопштија од државната служба за управување со катастрофи. Стравувањата се дека бројот на жртви ќе се зголеми додека продолжуваат спасувачките операции. Видеоснимки од туристичкото место Гапјонг покажуваат како луѓе газат низ дебел слој кал обидувајќи се да преминат оштетен мост до евакуациски центри.
🚨 Severe Flooding in South Korea (Gwangju & South Chungcheong):
— Eyes on the Globe (@eyes_globe) July 18, 2025
Over 400 mm of rainfall, with more expected tonight.
2 dead, over 1,000 evacuated
Landslide alert raised to highest level
403 schools closed, 166 damaged
87 roads & 38 buildings flooded#SouthKorea #Rain pic.twitter.com/MWjD35yNJC
Во централниот регион Чунгчонг, цело село е затрупано со земја и остатоци од свлечиште, покажуваат снимки од саботата. Најголем дел од уништувањата се во јужниот дел на земјата, каде што во Санчеонг загинаа шест лица, а седум се водат како исчезнати.

Близу 10 000 луѓе се евакуирани од своите домови од почетокот на невремето во средата, додека повеќе од 41 000 домаќинства останале без електрична енергија, објавија локални медиуми. Иако дождот се намалил во најпогодените јужни и централни области, врнежите во текот на ноќта се преместиле кон север, а нови обилни врнежи се очекуваат во главниот град Сеул и северниот регион во текот на неделата.
Претседателот Ли Џе-мјонг во неделата нареди најпогодените подрачја да бидат прогласени за посебни зони на катастрофа, а владата започна координирана акција за санација, додека пак министерот за внатрешни работи Јун Хо-џунг ги повика локалните власти итно да ги мобилизираат „сите расположливи ресурси“.
Се очекува врнежите да престанат доцна во недела, но по нив ќе следува екстремен топлотен бран.