Украинската Државна служба за вонредни состојби објави дека утрово во напад со руски крстосувачки ракети врз станбена зграда и рекреативен центар загинале 14 лица, а 30 се повредени, меѓу кои три деца
Најмалку 17 лица загинаа откако две руски ракети погодија висококатница и рекреативен центар во јужниот пристаништен град Одеса рано утрово, соопштија украинските власти.
Вооружените сили на Украина издадоа предупредување во кое ги повикаа жителите да бараат засолниште откако се слушнаа три експлозии и тревога за воздушен напад непосредно пред 1 часот по полноќ по локално време, пишува „Гардијан“.
Портпаролот на војската на Одеса, Сергеј Брачук, во објава на својот официјален канал на Телеграм, нешто пред два часот по полноќ, рече дека непријателски проектил го погодил јужниот пристаништен град во кој, како што рече, „за жал, има жртви“.
Брачук подоцна изјави дека ракетниот напад бил извршен со „стратешки авион“ од правец на Црното Море.
„Едната ракета погоди деветкатна станбена зграда, другата погоди рекреативен центар во регионот Белгород-Днестар“,
рече тој.
Russian missle strike targeted a 9 storey residential building last night in Odessa.
— Jay in Kyiv (@JayinKyiv) July 1, 2022
At least 20 dead, many children. pic.twitter.com/BuiiM8MOw5
Украинската Државна служба за вонредни состојби (СЕС) објави дека утрово во напад врз станбена зграда загинале 14 лица, а 30 се повредени, меѓу кои три деца.
Во одвоен напад на рекреативниот центар загинаа три лица, меѓу кои и едно дете, а едно е повредено, соопшти СЕС.
Претходно оваа недела две руски крстосувачки ракети погодија преполн трговски центар во украинскиот град Кременчук, при што загинаа најмалку 18 луѓе, а десетици беа повредени.