Според наводите на полицијата, пукотницата започнала нешто по 17:30 часот по локално време, а во инцидентот учествувале најмалку две вооружени лица кои наводно пукале еден кон друг. Потрагата по осомничените е во тек
Најмалку 12 лица се повредени во пукање на фестивал во градот Толедо во среднозападната американска држава Охајо. Повредените се на возраст од 14 до 61 година, а повеќето од нив се во своите рани 20-ти години.

Двајца од повредените се во критична состојба, но се очекува да преживеат.
Според наводите на полицијата, пукотницата започнала нешто по 17:30 часот по локално време, а во инцидентот учествувале најмалку две вооружени лица кои наводно пукале еден кон друг. Потрагата по осомничените е во тек.
Гувернерот на Охајо, Мајк ДеВајн, рече дека е длабоко загрижен поради инцидентот.
„Летните фестивали треба да бидат безбедни места каде што луѓето треба да одат без страв од насилство. Се молиме за здравјето на сите повредени во инцидентот и уверени сме дека органите на прогонот ќе ги пронајдат осомничените вклучени во ова бесмислено злосторство“,
порача гувернерот на Охајо.
Официјалните лица ги повикаа луѓето што присуствувале фестивалот да достават фотографии или видеа кои ги направиле пред или по инцидентот со цел да се откријат траги што би можеле да помогнат во пронаоѓање на осомничените.
