Несреќата се случила околу 3:40 часот кога автобусот се превртел на националниот автопат кој е затворен за сообраќај во двата правци, се наведува во краткото соопштение на Цивилната заштита на Мексико
Најмалку 11 лица загинаа, а 22 се повредени во автобуска несреќа во близина на градот Валахуисес, во мексиканската држава Нуево Леон, соопштија локалните власти. Меѓу загинатите има и двајца малолетници.

Несреќата се случила околу 3:40 часот кога автобусот се превртел на националниот автопат кој е затворен за сообраќај во двата правци, се наведува во краткото соопштение на Цивилната заштита на Мексико, пренесува порталот „20 минутос“.
Гувернерот на Нуево Леон Самуел Гарсија изрази најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите. Тој изјави дека повредените добиваат медицинска нега, како и дека е почната истрага за несреќата.