Од вкупно 470 примени пациенти со ковид на Инфективната клиника, 90 починале, соопшти директорката на клиниката Милена Стевановиќ на денешната прес-конференција. Таа рече дека иако не се работи за комплетна и детална анализа, според податоците со кои располагаат на Клиниката се работи за пациенти кој доцна доаѓаат на лекување, најчесто по 10 до 15 дена домашно лекување без консултација на лекар, а има и случаи кои во болница доаѓаат по еднонеделно лекување дома.

„Барем 50 отсто од пациентите кои починале се предоцна донесени и верувам дека ако било поинаку, ако барем го консултирале матичниот лекар и се реагирало на евентуалното влошување, ситуацијата би била поинаква“,
Како други причини таа ги наведе хроничните болести и ризикот што тие го носат за влошување на состојбата со ковид и влијаат врз зголемување на ризикот од најнепосакуваниот исход.
Сепак таа рече дека ова е врз основа на податоците кои тие ги имаат на Килиниката, но дека за ова ќе треба да следуваат сериозни и детални анализи.
„Се работи за непозната патофизиологија за која ние низ ова четиримесено искусто го бараме секое можно решение. Ова прашање мора да се анализира и сумира на крајот од епидемијата“,
рече Стевановиќ.