За да се спречи нарушување на јавниот ред, полицијата вели дека на улиците ќе бидат распоредени околу 80 илјади полицајци, а 24 оклопни полициски возила и 10 водени топови ќе бидат во состојба на готовност
Во извештајот на националната полиција објавен во 8 часот се наведува дека 30 лица се уапсени во Тулуз, Брест и Марсеј

За денеска во Франција најавено е одржување на големи синдикални штрајкови, при што властите очекуваат помеѓу 600 и 900 луѓе да излезат на улиците. Се очекува протестите, кои се организирани на 250 локации, да предизвикаат значителни нарушувања во клучните сектори низ целата земја, пишуваат француските медиуми.
Со протестот синдикатите прават демонстрација на единство за да извршат притисок врз новиот премиер, Себастијан Лекорну, да ги преиспита намалувањата на буџетот и да дејствува во однос на платите, пензиите и јавните услуги, пишува британски „Гардијан“.
Штрајкот најтешко ќе ги погоди јавниот превоз, образованието и здравството.
Париската полиција изрази загриженост за можното пристигнување на демонстрантите на протестниот марш во главниот град и ги повика трговците да ги затворат своите продавници од безбедносни причини.
За да се спречи нарушување на јавниот ред, полицијата вели дека на улиците ќе бидат распоредени околу 80 илјади полицајци, а 24 оклопни полициски возила и 10 водени топови ќе бидат во состојба на готовност.
Според утринските извештаи на француските медиуми, до 7 часот националната полиција изброила 1 200 демонстранти и 17 блокади.
Во извештајот на националната полиција објавен во 8 часот се наведува дека 30 лица се уапсени во Тулуз, Брест и Марсеј.
Grève du 18 septembre: le lycée Maurice-Ravel à Paris bloqué par les élèves pic.twitter.com/7H9ZB1RC09
— BFMTV (@BFMTV) September 18, 2025
Денешните штрајкови доаѓаат во време на политичка криза во Франција откако претседателот Емануел Макрон минатата недела го именуваше својот близок сојузник Лекорну за трет премиер за една година. Претходните двајца, Франсоа Бајру и Мишел Барние, беа отстранети од Националното собрание поради несогласувања околу буџетот.
Лекорну, кој го започнува својот мандат со многу низок рејтинг на популарност за нов премиер, беше министер за одбрана во претходните две отстранети влади. Лекорну има за задача да ги консултира политички сили претставени во парламентот со цел да се усвои националниот буџет и да се постигнат потребните договори за одлуките што треба да се донесат во наредните месеци.