Четворица од повредените се пренесени на скопските клиники, а еден е задржан во болницата во Гостивар
Петтемина повредени во сообраќајната несреќа што попладнево се случи на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар се пренесени во болница и се надвор од животна опасност.

Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, информира дека четворица од повредените се пренесени на скопските клиники, а еден е задржан во болницата во Гостивар.
„Повредените не се во животозагрозувачка состојба, но заради карактерот на повредите со амбулантни возила се испратени на лекување на скопските клиники“,
изјави Реџепи.
Поради сообраќајката, која се случи попладнево околу 16 часот, сообраќајот на оваа делница беше во прекин до 18:30 часот кога е нормализиран и пуштен во двата правци без застој.
Во сообраќајната несреќа учествуваа четири моторцикли и четири патнички возила.