Од Банкарската асоцијација, но и од Народната банка, претходно денеска напоменаа дека и покрај привремениот проблем со картичките на VISA и MasterCard, паричните средства на граѓаните на банкарските сметки се безбедни и достапни во секој момент
Проблемот со картичките на VISA и MasterCard е надминат, соопшти попладнево Македонската банкарска асоцијација (МБА), откако утринава оттаму информираа дека дел од услугите поврзани со овие картични брендови се недостапни на банкомат или во трговија.

„Надминат е проблемот поврзан со картичките на VISA и MasterCard. Се заблагодаруваме на сите засегнати страни за трпението и разбирањето“,
се наведува во соопштението од Македонската банкарска асоцијација.
Причината за проблемот, како што информираа претходно денеска од МБА, не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките.
Од Банкарската асоцијација, но и од Народната банка (НБ), претходно денеска напоменаа дека и покрај привремениот проблем со картичките на VISA и MasterCard, паричните средства на граѓаните на банкарските сметки се безбедни и достапни во секој момент и во сите експозитури и филијали.