Барања за помош на Словенија, како што информира попладнево директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, пристигнале до инстиутцијата со која раководи тој, како контакт-точка на Република Северна Македонија преку НАТО-механизмот за помош при катастрофи (Евро-атлантски координативен центар за одговор на катастрофи) и до Дирекцијата за заштита и спасување, која е контакт-точка со Европската Унија, преку Координативниот центар за одговор на итни состојби на ЕУ
Министерката за одбрана Славјанка Петеровска, информира Ангелов, по консултации со Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија известила дека Армијата е подготвена да испрати 100 нејзини припадници
До надлежните институции во земјава пристигнале барања за помош на Словенија, која од четвортокот, минатата недела, се соочува со апокалиптични поплави, предизвикани од силното невреме што ја зафати земјата.

„До Центарот за управување со кризи (ЦУК) како контакт-точка на Република Северна Македонија преку НАТО механизмот за помош при катастрофи (Евро-атлантски координативен центар за одговор на катастрофи) пристигна барање за помош на Словенија“,
информираше попладнево директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Министерката за одбрана Славјанка Петеровска, информира Ангелов, по консултации со Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија известила дека Армијата е подготвена да испрати 100 нејзини припадници.
Тие ќе бидат подготвени да тргнат откако ќе биде донесена одлука на Владата и дадена согласност од претседателот на државата и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски.
„Дали и колку точно припадници на Армијата ќе заминат за Словенија ќе се одлучи во координација со Владата на Република Словенија, која треба да се изјасни дали ја прифаќа понудената помош и во колкава бројност“,
се вели во информацијата од ЦУК.
Барање за помош на Словенија пристигнало и во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) која е контакт-точка со Европската Унија, преку Координативниот центар за одговор на итни состојби на ЕУ. Барањето е за помош со тешка механизација – булдожери, багери и слично.