Ампева упати критики како низ државниот систем поминува исплата на плата под минималецот
Над илјада текстилни работнички од седум компании од источниот регион пријавиле дека земале помала плата од минималната со закон утврдена 18 илјади денари.
Од „Гласен текстилец“ каде вработените поднеле пријави, објаснуваат дека тие оделе на работа со полно работно време, но висината на платата што ја добиле на сметките била и до 2000 денари под минималецот.
Претседателката на Здружението, Кристина Ампева вели дека овие податоци се собрани само за изминативе пет дена.
„ На овие вработени не им се исплатени нити додатоци на плата. Засега овие бројки се мали, но пријави се уште пристигнуваат, работиме на нив, ги комплетираме и потоа ќе ги доставиме до Инспекторатот за труд,“
вели Ампева.
Ампева упати критики како низ државниот систем поминува исплата на плата под минималец и тоа за редовно работење.
Таа забележува и дека поради владините субвенции за минималецот во одредени фирми и супермаркети им доцни платата на реботниците.
