Најголем процент на луѓе изложени на сиромаштија се забележани во Романија и Бугарија, а најмал во Чешка, Словенија и Финска
Дури 95,4 милиони лица во Европската Унија (ЕУ) во текот на 2021 година биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, покажуваат податоците на Евростат.
Оваа бројка сочинува дури 21,7 отсто од населението на ЕУ.
Споредено со 2020 година има пораст за 0,1 отсто односно тогаш 94,8 милиони лица биле во ризик од сиромаштија.
Највисок процент на луѓе изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост се забележани во Романија (34 отсто), Бугарија (32), потоа следат Грција и Шпанија (28) и Летонија (26 проценти).
Спротивно, најмал процент имало во Чешка (11 отсто), Словенија (13) и Финска (14 проценти).