Во Општина Сарај е свикан кризен штаб на кој вечерва присуствуваа општинските власти и директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али

Над 30 домаќинства во Општина Сарај се погодени по обилните дождови. Таму е свикан кризен штаб, на кој вечерва присуствуваа општинските власти и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али.
Градоначалникот Мухамед Елмази и стручните лица направиле детална анализа на состојбата по обилните врнежи од дожд и поплавите што зафатија повеќе населени места во општината, информираат оттаму.

Според информациите од терен, над 30 домаќинства биле погодени.
„Беа дефинирани конкретни чекори за целосна санација на штетите, поддршка на погодените семејства и превентивни мерки за намалување на ризиците од слични појави во иднина“,
велат од ЦУК.
