Според дневните извештаи на Министерството за здравство за процесот на вакцинација, во текот на вчерашниот ден се дадени вкупно 4 162 дози вакцини, од кои 994 се вакцинирани со прва доза, 3 114 се ревакцинирани, а 54 граѓани примиле трета доза вакцина.
Министерството за здравство информира дека заклучно со 30 септември вкупно се вакцинирани 788 058 граѓани, ревакцинирани се 729 794, а трета доза примиле 235 граѓани.
„53 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирании, а 32 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47,2 отсто, а со две дози опфатени се 43,6 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина“,
велат од Министерството.