Над два милиони лица се заболени со новиот коронавирус во САД, а во светот се над 7 милиони.
Во 21 американска сојузна држава расте бројот на новозаболени, објави „Њујорк тајмс“.
Весникот наведува дека и покрај подобрувањето на ситуацијата во државите кои најмногу беа погодени, како што е Њујорк, се појавија и нови жаришта.
Во Аризона за еден ден се регистрирани 1 556 новозаразени лица. Најголем пораст на заболени од ковид-19 регистрирани се во Мисисипи, Јужна Каролина, Арканзас, Флорида и други сојузни држави.
