Во период од четири месеци, од јуни до септември годинава во земјава имало 142 шумски пожари кои зафатија повеќе од 11 000 хекраи површина под шума, покажува статистичкото истражување што го спроведе Државниот завод за статистика во соработка со ЈП „Национални шуми“.
Опожарената дрвна маса во шумите изнесува 482 106 кубни метри, а износот на проценетата материјална штета е 2 318 091 000 денари или околи 38 милиони евра, покажува истражувањето.
Целта на истражувањето, велат од Државниот завод за статистика, е да се обезбедат податоци за големината и штетата од летните пожарите што ја зафатија земјава.
Од вкупните штети од пожарите најмногу беа зафатени шумите од мешаните насади, кои учествуваа со 52,2 отсто, шумите од листопадни видови со 30,2 проценти, шумите од иглолисни видови со 10,1 отсто, додека приземната вегетација учествуваше со 7,4 проценти.