Кандидатот за градоначалник на Кочани СДСМ, Николчо Илијев, е во тесно водство пред опонентот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Папазов. Актуелниот челник на оваа општина, Илиев, според пребројаните гласови од најголемиот дел од избирачките места (непреброени се 7 отсто од избирачките места), има предност од над 600 гласа во однос на претендентот Папазов.
И податоците за избраните членови на Советот говорат за израмнетиот резултат меѓу двете партии, иако за мнозинството во Советот на Кочани ќе решава советник од независната листа на Венко Крстевски. Тие освоиле над 1 200 гласа со што обезбедиле партиципација во општинскиот Совет.
Интересен е податокот дека при пребројувањето на гласовите било утврдено дека има повеќе од 1 000 неважечки ливчиња. Нема информации дали тие биле во гласачките кутии за избор на градоначалник или за членови на Советот на Општината.