Халеви во изјавата вели дека ја напушта армијата затоа што ја препознал одговорноста за неуспехот на Израелските одбранбени сили на 7 октомври 2023 кога палестинскиот Хамас го нападна Израел

Началникот на Генералштабот на израелската армија, генерал-полковник Херци Халеви, го информирал министерот за одбрана Израел Кац дека има намера да поднесе оставка.
Халеви во изјавата вели дека ја напушта армијата затоа што ја препознал одговорноста за неуспехот на Израелските одбранбени сили на 7 октомври 2023 кога палестинскиот Хамас го нападна Израел.
Тој, сепак, посочува дека ИД постигнал значителни достигнувања и е во процес на спроведување на договорот за ослободување на заложниците.
Израелските медиуми пренесуваат дека до 6 март, кога оставката ќе стапи во сила, Халеви ќе ги заврши истрагите за нападите на палестинскиот Хамас и ќе ја подготви ИД за идните предизвици.
Оставката од Халеви доаѓа два дена откако стапи во сила прекинот на огнот во војната со Хамас во Појасот Газа.
Неколку израелски воени претставници поднесоа оставка откако 1 200 луѓе беа убиени од палестински милитанти во јужен Израел на 7 октомври 2023 година.
Околу 250 луѓе беа киднапирани во Појасот Газа во нападите без преседан, кои го наведоа Израел да почне војна на палестинската територија.
Во израелските одмазднички воздушни, копнени и поморски напади врз Појасот Газа, под контрола на Хамас, загинаа повеќе од 46 000 Палестинци, главно жени и деца.
Многу Израелци го обвинија премиерот Бенјамин Нетанјаху дека не презел лична одговорност за политичкиот и воениот неуспех на 7 октомври.
