Видовте дека Вучиќ ме обвини оти сум ги организирал и наредил протестите таму, дека ги спроведуваме ние. Ова не е изненадувачки, им се случува на сите диктатори, вели Курти

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, реагираше на обвинувањата од српскиот претседател Александар Вучиќ, кој го посочи како организатор на протестите во Србија.
Курти за време на Генералниот одбор на партијата Самопределување, која воеедно го предложи него за премиер, нагласи дека протестите во Србија се израз на незадоволство на самите српски граѓани, а не мешање на Косово.
„Видовте дека Вучиќ ме обвини оти сум ги организирал и наредил протестите таму, дека ги спроведуваме ние. Ова не е изненадувачки, им се случува на сите диктатори кои се отсечени од својот народ, кого го притискааат и не му веруваат. Во околности кога не му веруваш на народот, сè ти се чини дека е од тие од надвор. На Александар Вучиќ протестите му ги организира народот на Србија, а не премиерот на Косово“,
рече Курти.
Вчера, говорејќи за протестите низ Србија, Вучиќ изјави дека додека бил во командно-оперативниот центар на МВР за време на демонстациите, добил информации дека протестирачите одлучиле оти на 19 септември ќе бидат организирани демонстрации против канцеларијата за Косово и Метохија. За ова Вучиќ кажа дека наликува „како лично Курти да им наредил што да прават“.