Исходот од синоќешното гласање во Советот за безбедност на ОН за иднината на мировните сили во Мали беше очекуван – светската организација ја прекина својата операција, најсмртоносна во историјата на ОН
Во периодот од 10 години, колку што траеше мировната операција на ОН во Мали, загинаа 187 мировници. Но, покрај загубите во човечки животи, пресудно за ОН да ја напуштат оваа западноафриканска држава беше барањето на тамошниот воен режим таа да замине.

Со повлекувањето на мировниците на ОН, Мали ќе стане уште позависна од руската платеничка група „Вагнер“, за која се проценува дека има 1 000 борци во земјата кои служат како „безбедносна поддршка“ во справувањето со џихадистичките милиции кои пустошат низ северните и централните подрачја на земјата.
Неодамнешното паѓање на „Вагнер“ од милоста на Путин, по неуспешниот „поход кон Москва“, ја претпоставува можноста нови борци на оваа група од Украина да се префрлат во Мали.
Досега нивното присуство во Африка беше корисен начин за Путин им се покаже на Франција и САД дека Русија има свои интереси во овој дел од светот.
Но, најновиот развој на ситуацијата, го става под знак прашалник натамошното ефективно дејствување на „Вагнер“ во Мали, без логистичката помош од Москва. Многу е веројатно платениците да се задржат во неколкуте бази во Мали и само од нив, повремено, да прават акции против своите противници, анализираат западните медиуми.