Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, особено поради летните одмори, информира АМСМ

Поради пожар во повеќенаменското подрачје „Јасен“, регионалниот пат Македонски Брод – Скопје е затворен за секаков вид возила, информира АМСМ.
Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила.
На граничниот премин (ГП) „Табановце” времето на чекање за влез е околу 30 минути, на ГП „Богородица” времето на чекање за излез изнесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.