И покрај неофицијалните информации, американските медиуми денеска објавуваат дека засега американските разузнавачи не гледаат знаци на невообичаена воена активност што би сугерирала на ситуација која е надвор од контрола
Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун пропушти уште еден национален празник вчера, со што поттикна гласини и сомнежи за неговото здравје. На социјалните мрежи и во некои неофицијални извори информациите се од тоа дека тој е вогетативна состојба, до тоа дека починал и дека само прашање на време е кога ќе биде тоа официјално објавено. Веќе почнаа и да се појавуваа фотографии од неговата сестра Ким Јо-Џонг (32) , како негова наследничка и прва жена – лидерка во оваа земја.
Но, американските медиуми денеска објавуваат дека засега американските разузнавачи не гледаат знаци на невообичаена воена активност што би сугерирала на ситуација која е надвор од контрола, објави „Њузвик“.
„Регионалните вооружени сили во Западен Пацифик и Азија, вклучувајќи ги и оние на нашите партнери остануваат на ниво на подготвеност во согласност со историските норми“,
цитира Њузвик изјава на анонимен висок претставник на Пентагон.
„Не забележавме никакви индикации или дополнителни информации за да се направи конечна проценка за состојбата на севернокорејското раководство или здравјето на Ким Џонг-ун. „Ние продолжуваме да ја следиме ситуацијата“,
додава изворот на весникот.
Но, Ким Џонг Ун, (36) не се појави вчера кога неговата земја го одбележа Денот на формирањето на армијата.
Центарот Стимсон 38Север сподели сателитски снимки кои покажуваат дека во близина на источниот брег Вонсан е регистрирано движење на воз скоро 820 метри долг за кој се верува дека е на севернокорејскиот шеф на државата.
Ким не се појави во јавност откако строго контролираните медиуми на неговата земја објавија фотографии од него пред две недели како присуствуваа на воздушни вежби и претседаваше со состанокот за Политичко биро на Централниот комитет на владејачката Корејска работничка партија. Но неколку денови подоцна тој не се појави на одбележувањето на Денот на Сонцето, во спомен на неговиот дедо Ким Ил Сунг со што предизвика спекулации за неговото здравствена состојба.
Дел од хонгконшки медиуми веќе јавија дека Ким е починат.
Заменик- директорот на хонгконшката телевизија ХКСТВ, Шиџијан Џунзу вели дека „од многу високи извори дознал дека севернокорејскиот лидер е веќе починат“.
Нејзината информација брзо се прошири на социјалните медиуми, имајќи предвид дека има 15 милиони следбеници на кинеската социјална мрежа Веибо и е роднина на висок претствник во кинеското Министерство за надворешни работи.
Во исто време, јапонски медиуми трвдат дека Ким е „во вегетативна состојба“ по операција на срцето извршена во овој месец.
Делегација предводена од високи членови на Одделот за меѓународни односи на кинеската комунистичка партија – задолжена за односи со Пјонгјанг – го напуштила Пекинг во четвртокот. Според агенцијата, не е можно веднаш да се утврди што тоа значи за здравјето на Ким Џонг Ун. Според Ројтерс повикувајќи се на три извори, во Пјонгјанг од Кина е испратен и тим во кој се и лекари.
Севернокорејските медиуми не го споменуваат здравјето на Ким или каде се наоѓа.
Кинески експерт за магазинот Шујан Гендаи изјави дека Ким колабирал поради болка во градите за време на посетата на покраина овој месец. Лекарот што го придружувал му направил кардиопулмонална реанимација, по што го одвеле во блиската болница.
На Ким, за кого се верува дека има 36 години, му бил потребен стент. Дејли НК со седиште во Сеул, повикувајќи се на неименуван извор во Северна Кореја, објави претходно неделава дека Ким се опоравува од кардиоваскуларната процедура што му била извршена на 12 април.
Други непотврдени информации од извори во Пекинг, велат дека операцијата за поставување стент била неуспешна.
Хаштагот #KimJongUndead секојдневно собира се повеќе следбеници на Твитер, но без потврда за неговата смрт.